Левичарски блог - Мојата земја е светот, а мојата религија е да правам добро!
This was posted 2 weeks ago. It has 0 notes.
A criticism of the Christian concept of God leads inevitably to the same conclusion.—A nation that still believes in itself holds fast to its own god. In him it does honour to the conditions which enable it to survive, to its virtues—it projects its joy in itself, its feeling of power, into a being to whom one may offer thanks. He who is rich will give of his riches; a proud people need a god to whom they can make sacrifices.
The Antichrist, Chapter 16, by Friedrich Nietzsche
This was posted 1 month ago. It has 0 notes.

Земјотресите :)

Скорешните 300+ земјотреси кои што се случуваа во југоисточна Македонија ми дадоа идеа да изработам веб апликација која што ќе ги листа земјотресите на територија на Македонија. Така и беше. :)

Земјотреси

Have phun! (примам критики)

1 month ago

Операциите; трет од трите необични начини на кои што може да се умре

Оваа приказна претставува повеќе научна фантастика него ли реалност, но сепак се работи за „необичен начин“ на умирање што не мора да значи и реален. :)

Првиот ден таа беше примена во болницата. Отседна неколку часа во чекалната гледајќи ги чистите зеленила од плочки по ѕидовите, сопствено-одгледуваниот пеницилин по таваните, болните луѓе во распаѓање кои постојано се влечкаа по ходниците и роботите за одржување кои го надлетуваа нечистиот под. Тие, со нивното поминување испуштаа чудни и ниско-фреквентни звуци што го затреперуваа срцето; да не споменуваме што се случуваше со оние кои беа дојдени во овој ургентен центар со срцева маана! Неретко можеше да се забележи по некое затруполување на по некој труп и неговото лежење таму, со срцев удар по неколку часа, секако, под претпоставка дека неговото срце веќе не беше запрено. Сепак таа чекаше.

Таа беше заспала на клупата од алуминиум кога еден робот во неговата бела надворешност и се приближи и ѝ даде инструкции да ја придружи до нејзиниот кревет. Роботот беше следен од оваа женска личност, која веднаш по пристигнувањето во собата одредена од компјутерскиот центар за следење и распоредување на пациентите (веќе доловивме дека тој беше неефикасен колку и неговите создавачи, а да не збориме за неговите спроведувачи) се преоблече во искинатите памучни и смрдливи болнички пижами кои беа во таа состојба поради неколкумината болни од СИДА кои беа починале во нив а непосредно пред тоа крварејќи од своите загноени кожни лезии, неколкумината починати од неуспешни операции за отстранување на ракот кој завладеал со нив и неколкуте дечиња кои беа заминале од овој свет од труење со радијација при бомбардирањето на Велешко во четвртата светска војна. Таа не ги забележа одвратните атрибути на преупотребените пижами, туку изнемоштена од болеста која ја беше снашла легна на алуминиумскиот кревет со чија ладност беше повеќекратно земена нејзината болка. Овој, алуминиумскиот кревет беше напрвен од алуминиум за подобра санитација, ама таква немаше. Затоа легна и заспа под силното неонско светло.

Вториот ден таа беше во кома, а без да знае дека е во кома.

Третиот ден таа се разбуди. Најде долга лузна по левата страна на абдоменот која беше залепена со медицинско лепило и која беше чувтсвителна на секое нејзино движење. Штом се разбуди од звучникот над нејзината глава се слушна роботизиран глас чија изјава ја извести за нејзината состојба и предходно случување. Таа беше дознала дека Тие ништо не дознале за нејзината болест и покрај тоа што била извршена експлративна хирургија, а таа само го игнорираше гласот. Знаеше дека е надвор од нејзините раце било каква одлука која беше поврзана со нејзиниот живот. Сепак, војна беше, а уставот беше јасен: животите на луѓето во Модерна Македонија при вонредна ситуација беа во целосна сопственост на Владата. Постоеше и клаузула во овој устав дека Владата во таков случај ќе ги почитува човековите права, но тоа беше само во датотеката за уставот, во базите на податоци на светот и државата, но во пракса: никако!

Таа побара вода, а водата не дојде. Погледна низ вратата на собата во која имаше уште неколку гнили луѓе во сопственост на државата и го виде хаосот кој владееше во ходниците; најверојатно имало уште едно бомбардирање некаде низ Модерна Македонија… поминаа неколку часа, а таа повторно заспа бидејќи жедта веќе беше исклучиво голема, а роботите постојано бучеа низ ходниците влечејќи повредени низ болницата. Можеби и пред да заспие таа посака да погледне низ прозорецот, да види како е надвор; не знаеше дека тоа би и бил последен поглед врз родниот град. А надвор! Надвор ужас од расфрлани тела, повредени тела, изумрени тела, изумрени делови од тела. Живите, живите се бореа да стигнат до медицинска помош, до некој кој може да им помогне, но вратите постојано им беа затварани пред нивната најголема мака.

Четвртиот ден таа беше повторно во кома.

Триесет и шестиот ден, откако се намали количеството на ранети до нејзе беше донесена машината за вршење на операции. Докторите точно не знаеа што е проблемот со нејзе, но знаеа дека таа имаше некој вид на огромен и гнасен тумор помеѓу десниот колк опкружувајќи го нејзиното тело и завршувајќи кај папокот, а тој, туморот, буквално ги цицаше последните капки живот од нејзе; иронично е тоа што туморот, толку немилосрдно го правеше тоа што најверојатно заборави дека всушност живее од нејзиното тело. Штом ќе го умртви и тој самиот ќе се умртви. Лаком и глупав тумор.

Сепак, операциониот алат беше донесен до нејзе, таа беше соблечена од она што и беше преостанато да биде соблечено. Машината го испрска туморот со јод, како божем тоа да ќе помогнеше во нечистотијата на целокупната болница. Хирургот стоеше позади екранот и со појасот на главата, кој бежично беше поврзан со централната единица за оперирање на машината, и со своите мисли ги контролираше разните остри операциони алати.

При самиот крај на операцијата, или по околу еден час, кога туморот беше речиси сосема изваден и претпоставувајќи дека таа немаше да почине од сепса која најверојатно ќе ја добиеше во нечистотијата на болницата, имаше големи шанси за преживување, за да го догледа крајот на војната. Можеби. Можеби бидејќи хирургот кога замисли поставување на скалпелот близу нејзиниот папок, за да може да го отстрани и последното мало парче од лакомиот и глупав тумор, тој доживеа епилептичен напад за првпат во неговиот живот. Тоа ги преоптвари читачите на мисли, ја збуни централната единица за оперирање на машината при што скалпелот се придвижи во кружна патека долж нејзиното тело и направи крвава касапница од собата, врз алуминиумскиот кревет. Го искасапи нејзиното тело.

Сега таа немаше никогаш повеќе да живее, ниту пак нејзиниот тумор. Хирургот се врати на работа на нејзиниот триесет и седми ден во болницата односно првиот ден од чувството на искасапена крава во кланица наменета за продавање низ смрдливите месарници.

1 month ago
Подземјето Еден тамбллог што ме следи од неодамна, а и јас го следам (македонски е) и има едноставно прекрасни фотографии кои вредат да се видат. :)
This was posted 1 month ago. It has 0 notes.

Во конзерва, како сардинки

Традицијата нема вредност и не треба да има вредност, во некој хипер-социолошки контекст. Таа не треба да биде вреднувана бидејќи едноставно постои. Википедија вели, The word tradition comes from the Latin traditionem, acc. of traditio which means “handing over, passing on”…

Традицијата е она што е останато од минатото во сегашноста. Во нејзе се содржи општественото знаење, или искуство кое се насобрало за време на една генерација. Традицијата е витален дел од културата на едно општество, но не е непроменлив дел. Ова ме носи до главната точка која сакам да ја разгледам, а која добива огромна актуелност во последно време. Најверојатно зашто можеби денес конзервативизмот е многу популарен; нели и владејачката Партија е дел од некој конзервативистички клуб на политички партии.

Зачувувањето (конзервирањето) на традицијата

Традицијата не треба да биде зачувувана (во општествена смисла) од страна на некои институции, или пак нејзиното зачувување да биде наметнато врз општеството од страна на општествените институции. Тие, општествените институции можат единствено да земат snapshot од моменталната „традиција“ и да ја запишат во некој супер-издржлив хард диск каде што ќе остане како потсетник на ова време.

Општественото зачувување на традицијата е просто невозможно. Нели, ако се зачуваат т.н. „традиционални вредности“ тоа би значело останување во популарното status quo, додека во природата на општеството е тоа да се менува.

Вусшност, мое гледање е дека традицијата претставува мостот помеѓу новите промени и промените кои што се случиле. Нели, промената настанува врз веќе настанатите промени, со што тие промени се … променуваат. Информацијата од која е составена традицијата треба едноставно да служи како помошник во таа транзиција.

Од тука пак, произлегува „невредноста“ на традицијата. Односно неможноста за нејзино вреднување бидејќи и таа се променува со самата промена на општеството. Повторно, ако се наметнува или преферира „традиционалното“ во општеството тогаш настанува стагнација на промената во тек, особено ако се разгледуваат т.н. „традиционални вредности.“ Имено, тие „традиционални вредности“ се производот од промената која што се случила во минатото и ако тие се преферираат тогаш нема да се добие производот на нови вредности (кои најчесто делуваат како дополнување на традиционалните) при што, по трети пат нема да допринесе во менување на status quо, а со што нема да се постигне „подобрување“ на општеството.

Препорачано:

1 month ago

Детенценцето

„Мамо, мамо,“ малото усте се придвижи испуштајќи звуци во зголемена интонација.

„… од каде доаѓаат бебињата?“ невино праша детенцето. Таа, што себеси се нарекуваше мајка, а беше толку далеку од тоа, му се развика „оди прашај го татко ти!“

И така стори детето.

„Тато, тато,“ малото усте се придвижи испуштајќи звуци во зголемена интонација.

„… од каде доаѓаат бебињата?“ невино праша. Тој, што себеси се нарекуваше татко, а беше толку далеку од тоа, му се развика „оди прашај ја мајка ти, перверзно едно!“

И така детето НЕ стори.

Детето веќе не се интересираше од каде доаѓаат бебињата, всушност од каде тоа беше дошло. Бесцелната игра со минијатурните колички врз теписонот кој личеше на некој градски план изваден од цртаните на Волт Дизни, само во полоша и понова форма, му се чинеше поинтересна од одговорот, всушност неодговорот на прашањето. Неговиот егоцентричен ум обично и правеше така; се откажуваше кога и другите се откажуваа. Може и да се рече дека следеше еден тренд. Знаете, велат дека малите дечиња се егоцентрични заради тоа што неможат да разликуваат дека тоа што тие го знаат можеби и не го знаат другите. Затоа и настануваат „плачките“ подоцна; едното дете му ја земало играчката на другото без да знае дека и на ова второво истата играчка му се допаѓа. Првово мисли дека ако тоа знае дека играчката му се допаѓа, а со тоа врши и присвојување на истата, дека сите знаат! (мразам извичници, звучат како да викам)

Сепак тоа продолжи да ги придвижува количките на исцртаните улици од теписонот. Доколку се забележеше движењето на количката по улицата исто така можеше да се забележи начинот на возење како кај татка си, (би го ословил како оној чие име е второ во официјалното име на детево, ама ај не; би била комплицирана реченицата) особено кога беше пијан (а тоа беше многу често) или кога беше под седативи (не толку често, ама обично после бесцелните расправии со мајката), или уште пострашно кога беше под алкохол и седативи (случаи кога беше расположено-меланхоличен). Значи, детево уште си играше кога наеднаш го запре малото автомобилче (што личеше на такво, не дека беше вистинско. вистинските автомобили имаат разна механика за која немаше место во волку минијатурно и тоа пластично „скулптурче“) и наеднаш стана. Неговото станување беше доста драматично. Наликуваше на она како кога фото-детето го правеше тоа на рекламите за супер-впивливите бебешки пелени кои толку едноставно ги полнеа главите на мајките за колку е важна динамичната анатомија на мешето од малиот човек и карактеристиките на Нивните пелени кои толку совршено се адаптираа преку еластичноста на краевите од пелената. (sentence, sux!)

(нов пасус, something else is gonna happen!) Веќе утврдивме дека детето нагло стана, а со тоа за само еден мал момент поради неговото забрзување му стана полесно на меките ноџиња. Потоа се придвижи кон коцките за „градење.“ Овие не беа Lego(tm), нормално. Неговите немаа доволно пари редовно да му ги купуваат тие фенси (lingo FTW!) пелени, што ни малку не беа аксесорис за пост-модерното дете, а не па да му ги дозволат најскапите, од странство внесени пластични коцки за градење. Иронично е тоа што и покрај ефтиноста на квалитетот кај овие коцки, тоа детенце сепак можеше да ги искаже лудостите на својот премлад ум. Градеше најразни „неартикулирани скулптури,“ кои понекогаш можеби наликуваа на оние роботи од странските филмови, eg. Transformers или онаа рекламата со роботот направен во супер-шменси (lingo, take II, FTW!) програмот за 3D обработка од Apple(tm). Откако ќе ги направеше, не! составеше овие негови тотално случајни креации ги поставуваше на добро одбрани, односно случајни места на оној теписон во неговата детска соба… таму кај што последен пат си играше со една од неговите колички, па нагло стана. Проблемот со тоа случајното, односно добрата-одбраност е во тоа што како ќе знаеш дека случајното е навистина случајно?

(пак нов пасус, something else, and new, is gonna happen) Ете и денес детето, по можеби трети пат во денот ја заврши својата трета случајна креација, која беше случајно, односно добро поставена на теписонот што претставуваше просто зачудувачки неоригинална рефлексија на градски план откинат од некој сегмент на цртан-филм од Волт Дизни. Оваа беше со поширока основа и беше необично повисока од неговите предходни измислици. Тоа ја беше поставило на чистинката меѓу реката и зградите. Колку за илустрација, по зградите имаше една од поглавните улици на која тој често ги водеше својте автомобилчиња изигравајќи модерен загадувач поттикнат на таа дејност од останките на диносаурусите. Во собата влезе неговиот татко поттикнат од размислувањето дали да ги потроши скриените пари од платата за „типување“ во спортска кладилница или да ги потроши заедно со другарите на пиење и бесцелно ѕверење во тавани или магазини на кои имаше голи тетки—секако, без да знае жена му. Детето го загледа, виде некоја корист од присуството на својот татко и почна да го бара неговото внимание. Овој неможеше да размислува повеќе, а беше и во неговата природа да им прави лошо на луѓето, па и на себе, па ја зеде скулптурата на детето, ја дигна високо, високо во небесата, т.е. таванот и ја удри од ѕидот. Детето заплака. Мајката дојде и му се развика на детето прашувајќи пресложено прашање кое и делуваше на реторичко откако помина дозволеното време за приложување на одговор. Прашањето беше: „зошто плачеш?“ Откога сфати, со фразата: „а татко ти е!“, му се развика на таткото и повторно почнаа да се караат за нивните бесмислици меѓу која беше и „знаеш дека немаме пари! Што му ги кршиш играчките на детето! Будало една! Кој ќе му купи нови! Немаме толку!“. Тој и врати: „не му требаат на него, на глупости го учиш“… бла бла бла…

Детето се исплаши и веќе не ги допре коцките.

Ако ја разгледаме постапката на таткото за фрлањето на креацијата на детето можеме да заклучиме дека тој ја фрли скулптурата не заради тоа што сакаше да му нашетети на своето дете, туку дека тој сакаше да ја потпре својата рака баш на местото каде што се наоѓаше таа, за да ги одмори својте заморени грбни мускули и да го сослуша своето дете. Што е уште поинтересно е дека скулпутрата не беше наштетена, всушност тој ја зеде играчката во раката, ама раката не се издигна „високо во небесата“. Раката само ја помести играчката за околу двапати ширината на основата. Од сите овие скорешни детали може да се заклучи дека мајката непотребно почна да му вика на својот маж, чија личност таа ќе ја сака се додека смртта не ги раздели, и да повикува стари и нерешени проблеми отварајќи повод за возење под седативи (или уште полошо, седативи + алкохол). Смешно е тоа што детето не заплака поради чинот на таткото, тоа заплака бидејќи нешто испадна измеѓу двете месести планини чија позиција беше веднаш под еволутивно-отпаднатата опашка кај детето, а во главно и кај целиот човечки род. „Во главно,“ главно поради тоа што не на сите човеци можеше да им се уважи припадност во видот homo sapiens sapiens. Детето бараше внимание за некој да му ја смени пелената зашто не знаеше како да каже дека нешто полека му ја дразни кожата која имаше за улога да ги заштитува месата од месестите планини.

Тука и дејството на оваа приказна заврши.

јас сакам ова да го наречам алегорија, ама бидејќи ми е прв обид незнам колку е силна :)

1 month ago